Документи: Демократија и владеење на правото

Годишен преглед на владеењето на правото во ЕУ 2023 година

  •  29 декември 2023
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

<p color:="" line-height:="" style="box-sizing: border-box; text-rendering: optimizelegibility; margin: 0px 0px 1em; padding: 0px; border: 0px; outline: 0px; font-size: 15px; vertical-align: baseline; background-image: initial; background-position: 0px 0px; background-size: initial; background-repeat: initial; background-attachment: initial; background-origin: initial; background-clip: initial; font-family: Hind, Arial, " text-align:="" transform-style:="">Работата на ЕПИ е фокусирана на потребите и ограничувањата на Северна Македонија како земја-кандидат, која го чекаше почнувањето на пристапните преговори повеќе од една деценија, додека бележи пад на поддршката за членство во Европската унија и политичката нестабилност во последниве години. Во рамките на програмата за владеење на правото, ЕПИ внимателно го следи нивото на усогласеност со принципот на владеење на прав</p>

Повеќе

Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – април-јули 2023

  •  24 јули 2023
  •  Ардита Абази Имери, Ангела Делевска, Беба Жагар, Јулијана Караи
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток документ дава преглед на клучните случувања поврзани со владеењето на правото во Северна Македонија во поглед на пристапувањето во ЕУ за периодот од април до јули 2023 година. Тој вклучува следење на суштинските аспекти на пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи ги и клучните случувања во областа на функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: судството и темелните права.

Повеќе

Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2023 година

  •  27 април 2023
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар, Наум Локоски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток документ дава преглед на клучните случувања поврзани со владеењето на правото во Северна Македонија во поглед на пристапувањето во ЕУ за периодот од јануари до март 2023 година. Тој вклучува следење на суштинските аспекти на пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи ги и клучните случувања во областа на функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: судството и темелните права.

Повеќе

Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – октомври-декември 2022

  •  31 јануари 2023
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ во периодот октомври-декември 2022 година. Тој содржи следење на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

Годишен преглед на владеењето на правото во ЕУ за 2022 година

  •  30 декември 2022
  •  Корина Стратулат; Иван Новосел; Беба Жагар; Ива Цоневска Вангелова; Тина Џаковиќ; Билјана Котевска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Принципот на владеење на правото е еден од суштинските вредности што ги сочинуваат темелите на Европската Унија. Тој подразбира дека јавните институции дејствуваат во границите утврдени со законот, во согласност со вредностите на демократијата и на темелните права. Земјите-кандидатки мораат да го почитуваат овој принцип и соодветно да го приспособат функционирањето на нивните институции. Меѓутоа, и земјите-членки на ЕУ не се изземени од оваа обврска или од последиците што произлегуваат од нејзиното непочитување.

Повеќе

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2021 – септември 2022

  •  29 декември 2022
  •  Ангела Делевска, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е седми ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, земајќи ги предвид коментарите и мислењата на невладините организации.

Повеќе

Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јули-септември 2022

  •  25 октомври 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – април-јуни 2022

  •  21 јули 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2022

  •  21 април 2022
  •  Ардита Абази Имери, Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Ива Цоневска Вангелова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: правосудство и темелни права. Документот се заснова на редовен мониторинг на клучните институции, истражување документи со достапни информации, како и барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повеќе

Образованието во време на пандемија-резултати од истражување

  •  26 јануари 2022
  •  Тамара Доневска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Образованието е неизбежен дел од животниот циклус на секоја индивидуа, па поради тоа неговиот квалитет има огромно влијание врз нејзиниот континуиран развој. Правото на образование како човеково право за прв пат го сретнуваме во Универзалната декларација за човекови права од 1948 година.1 Во нашето законодавство, правото на образование е уредено во член 44 од Уставот кој предвидува дека секој има право на образование кое е достапно на секого под еднакви услови, додека пак посебните закони ги уредуваат условите и реализацијата во основното, средното и високото образование.2 Од меѓународен аспект, Универзалната декларација за човекови права во член 26 предвидува дека секој има право на образование, додека пак Европската конвенција за човекови права во член 2 од Протоколот 1 предвидува дека на никого не може да му се одземе правото на образование. Понатаму, ова универзално право е предвидено и во Конвенцијата за правата на детото, УНЕСКО Конвенцијата против дискриминација во о

Повеќе