Министерство за здравство
Ги врши работите што се однесуваат на здравствената заштита и здравственото осигурување на населението, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните продукти, организацијата и развојот на здравството, следењето на здравствената состојба на населението, заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења, бучавата, загаденоста на воздухот, водата и земјиштето, прехранбените производи и предмети за општа употреба, хигиено-епидемиолошката состојба, лековите, помошните лековити средства, медицинските помагала, медицинската опрема, санитетските уреди и материјали, отровите и опојните дроги, надзорот од негова надлежност и врши други работи утврдени со закон. Надлежностите на Министерството за здравство се предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа.