Значењето на пристапот заснован на човекови права за одговорот на здраствената криза предизвикана од КОВИД-19 во Република Северна Македонија
-
29 март 2022
-
Мартина Смилевска Кчева
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Документ на политика
Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 предизвика здравствена, економска и социјална криза во Република Северна Македонија. Како одговор на
истата, владата презеде низа рестриктивни мерки за спречување на изложеноста на луѓето на вирусот и забавување на неговото ширење, како и сет
мерки за ублажување на негативните ефекти од наметнатите рестрикции.
Донесените мерки во значителна мера влијаеа на ограничувањето на правата на граѓаните, вклучувајќи воведување полициски час, одржување социјална дистанца, ограничено движење и собирање, затворени граници и
стопирање на воздушниот сообраќај, онлајн образование, забрана за одржување верски настани и спортски натпревари, одложување на процедурални
рокови во судски постапки, затворање на несуштински бизниси и сл. Додека таквите ограничувања на слободите и правата, во еден дел, можеби беа
неопходни за контрола на пандемијата, сепак многу од овие политики беа
премногу широки или се занемари да се земе предвид нивното влијание
врз најранливит
Повеќе