Анализа на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2018/2019
-
28 јуни 2019
-
Блупринт група
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Анализа
Граѓанските организации што со години работат на воспоставување на принципот на владеење на правото, почитување на човековите права и воспоставување на независен, непристрасен и, пред сè, неполитизиран правосуден систем, свесни за моментумот и за неопходноста овие реформи да бидат квалитетни и успешни, се вклучија со својата експертиза на ова поле во целиот процес.
Со оглед на важноста за спроведување на реформските мерки и активности предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организациите од Блупринт групата во јули 2018 година почнаа со заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување – „ЗА ПРАВДА“. Блупринт групата за реформи во правосудството се фокусира на следењето на спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите с
Повеќе