Предизвици во решавање на проблемите во граѓанско-правната област
-
16 септември 2021
-
судија Антоанета Димовска
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Документ на политика
Изборот на судии со интегритет, кредибилитет и знаење е првиот предуслов за каква било реформа во судството, без вакво нешто нема квалитет во судството и сè друго што ќе биде предложено е без значење. Но, факт е дека има голем број судии кои посветено ја работат својата работа и во целиот овој период одолеваат на разните влијанија и обиди да бидат дискредитирани.
Спроведувањето на секоја реформа е тежок процес што бара многу работа, посветеност, но нам не само што ни е неопходен туку е и единствен услов навистина да станеме држава каква што посакуваме сите. Не помалку важно е да се напомене дека реформата мора да се спроведе истовремено во сферата на персоналните решенија, материјално-техничката опременост, процесните закони, материјалните закони, затоа што секое поинакво пристапување кон реформата нема да биде реформа.
Повеќе