Уставен суд на Република Северна Македонија, искуства и перспективи
-
13 септември 2021
-
Маргарита Цаца Николовкса, Игор Спировски, Мартин Сопронов
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Анализа
Уставните судови се посебни уставни органи кои како своја надлежност ја имаат
контролата над уставноста, а некаде и на законитоста. Како резултат на оваа нивна значајна улога во политичките системи на државите тие претставуваат клучен
елемент на конституционализам кој претставува противтежа (ограничување) на
парламентарната супрематија и извршната власт во процесот на остварувањето на
државната власт и за воспоставување систем на “уставна демократија“ заснован на
супрематија на Уставот. Во оваа смисла, една од основните функции на уставните
судови е да го обезбедат важењето на темелниот принцип на поделбата на власта
на законодавна, извршна и судска во едно демократско општество, односно да ги
контролираат и да ги држат носителите на овие власти во границите на нивните
уставни прерогативи, заради остварување и развој на демократското општество засновано на владеење на правото и човековите права.
Повеќе