Дијалози

Тема: Улогата на локалната власт во (интегрирано) образование во Република Македонија Датум: 31.10.2015

Оваа тема ги поврзува доминантните теми во дискусиите во фокус групите и брејнстормингот кои се однесуваа на локалната етничка димензија и образованието. Состојбата во образованието, како поради квалитетот, така и поради етничката сегрегација беше тема на дискусија во сите области. Како што беше очекувано, јазикот беше клучно прашање, но сите дискутанти сметаа дека ова е политички пречувствителна тема за дебата. Следствено, беше предложено и прифатено да се истражува и дебатира на темата која улога (треба) да ја има локалната самоуправа во унапредување на образованието, со фокус на интегрирано образование. Притоа особено беше потенцирано дека интегрираното образование треба да одговори на потребите на сите, без оглед на било кои идентитетски карактеристики. Дијалозите за одбраните теми ќе се одржат во периодот Јануари - март 2016 година.