Документи: Со таг ЛГБТИ

Дискриминацијата во Република Северна Македонија: правна регулатива, предизвици и перцепција за дискриминаторските основи

  •  14 декември 2020
  •  Маргарита Цаца Николовска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Дискриминацијата како појава има негативен ефект во општеството и доведува до создавање предрасуди и негативни перцепции кај луѓето за одредена состојба, каде на различноста повеќе се гледа како на проблем, отколку како на придобивка. Севкупната цел во борбата против дискриминацијата е да се овозможи рамноправен и фер пристап до можностите што ги нуди едно општество. Оваа анализа има за цел да ја прикаже состојбата со дискриминацијата во Република Северна Македонија преку ретроспектива на нејзината уставна и законска уреденост до проблемите околу укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и донесувањето на новиот закон во октомври 2020 година. Периодот во кој не постоеше законска регулираност на дискриминацијата, во смисла на закон lex specialis, беше добар повод да се даде можност за директна примена на Европската конвенција за човекови права и воспоставените стандарди на Европскиот суд за човекови права во утврдување на дискриминација, согласно со член 1

Повеќе

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2019 – март 2020 година

  •  26 мај 2020
  •  Ива Цоневска, Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е петти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на членките на „Мрежа 23“. Претходните четири извештаи ги покриваа следните периоди: октомври 2014 година – јули 2015 година, јули 2015 година – април 2016 година, мај 2016 година – јануари 2018 година и јуни 2018 година – март 2019 година. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на април 2019 година, заклучно со крајот на март 2020 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред април 2019 година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период. Периодот на опфат на извештајот соодветствува на извештајниот период на Европската комисија (ЕК) за Република Северна Македони

Повеќе

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

  •  14 мај 2019
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери, м-р Александар Јованоски, Хајди Штерјова-Симоновиќ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград. Овој извештај ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Повеќе

Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

Темелните права и ситуацијата на интерсексуалните лица

  •  01 април 2015
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Анализа

Овој документ врши преглед на правната ситуација на интерсекс лицата од аскепт на почитување на темелните права. Се базира на докази од Агенцијата за темелни права и ажурираната правна анализа на теми како хомофобија, трансфобија и дискриминација врз основ на сексуална ориентација и родов идентитет, вклучувајќи ги прашањата на интерсекс лицата.

Повеќе

Месечен извештај на Хелсиншки комитет за човековите права во Република Македонија, октомври, 2014

  •  28 ноември 2014
  •  Хелсиншки комитет за човековите права во Република Македонија
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Месечен извештај на Хелсиншки комитет за човековите права во Република Македонија, септември, 2013

  •  10 октомври 2014
  •  Хелсиншки комитет за човекови права во Македонија
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај за мерки за борба со дискриминацијата - Директиви 2000/43/EC и 2000/78/EC: Национален извештај за Македонија за 2013 година

  •  15 август 2014
  •  Европска мрежа на правни експерт(к)и во полето недискриминација
  •  Mеѓународен
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Aнализа на усогласеноста со Директивите 2000/43/EC и 2000/78/EC на домашната правна и институционална рамка и нејзината примена во практиката.

Повеќе

Годишен извештај на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, 2013

  •  28 мај 2014
  •  Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Двомесечен извештај на Хелсиншки комитет за човековите права во Република Македонија, ноември-декември, 2013

  •  28 јануари 2014
  •  Хелсиншки комитет за човекови права во Македонија
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај