Состојбата на азилот во Република Северна Македонија 2020 година
-
23 ноември 2021
-
Игор Стојчевски, Теодора Ќосева Костадиновска
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Извештај
Овој извештај претставува сеопфатен преглед на различните практики, политики и
постапки во однос на системот на азил во Република Северна Македонија во 2020
година. Извештајот ги истакнува главните предизвици со кои се соочуваат
барателите на азил и бегалците за време на постапката за азил и при остварување
на другите права. При изработката на овој документ беа користени: a) податоци
прибавени при застапување на барателите на азил, бегалците и мигрантите, лицата
под супсидијарна заштита и признаените бегалци во Република Северна
Македонија, б) податоци прибавени при мониторинг на состојбата и постапувањето
од страна на органите со бегалците и мигрантите во транзитните центри, каде што
МЗМП има достапни канцеларии, и в) податоци прибавени при присуството во
канцеларијата во Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје. Дополнително,
за потребите на овој извештај беа прибавени информации од јавен карактер и беа
искористени многубројни достапни извештаи и литература.
Повеќе