Дискриминацијата во Република Северна Македонија: правна регулатива, предизвици и перцепција за дискриминаторските основи
-
14 декември 2020
-
Маргарита Цаца Николовска
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Анализа
Дискриминацијата како појава има негативен ефект во општеството и доведува до создавање предрасуди и негативни перцепции кај луѓето за одредена состојба, каде на различноста повеќе се гледа како на проблем, отколку како на придобивка. Севкупната цел во
борбата против дискриминацијата е да се овозможи рамноправен и фер пристап до можностите што ги нуди едно општество.
Оваа анализа има за цел да ја прикаже состојбата со дискриминацијата во Република
Северна Македонија преку ретроспектива на нејзината уставна и законска уреденост до
проблемите околу укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација
и донесувањето на новиот закон во октомври 2020 година. Периодот во кој не постоеше
законска регулираност на дискриминацијата, во смисла на закон lex specialis, беше добар повод да се даде можност за директна примена на Европската конвенција за човекови
права и воспоставените стандарди на Европскиот суд за човекови права во утврдување на
дискриминација, согласно со член 1
Повеќе