Тема: Поддршка на локално претприемништво наспроти странски инвестиции
Датум: 31.10.2015
Оваа тема ги поврзува доминантните теми во дискусиите на фокус групите и брејнстормингот одржани во рамките на проектот. На фокус групите во различен контекст беше спомената дискутабилната улога на странските инвестиции во економскиот развој на РМ, со посебен акцент на ефектите од истите на локално ниво. Од друга страна доминантна тема на дискусија на брејстормингот беше поддршка на локално претприемништво со особен осврт на поддршка и вклучување на различни ранливи групи на пазарот на труд. Две групи кои се најчесто споменувани се младите и жените, кои би можеле и да обезбедат дополнителен фокус на темата. Темата во моментот е формулирана за да обезбеди различни опции за политики. Дијалозите за одбраните теми ќе се одржат во периодот Јануари - март 2016 година.
На првата дебата беа спротивставени наодите од истражувањата направени од истражувачките тимови - Тим А: ЦЕА-Центар за економски анализи на тема „Бенефити и трошоци од странските директни инвестиции во технолошко ин
Визуелизација: Бенефити и трошоци од странските директни инвестиции во технолошко индустриските развојни зони, случај Македонија за периодот 2007-2014 година Визуелизација: Олеснувања за СДИ и нееднаков третман на домашните инвеститори во Македонија: Причини и полседици