Тема: Како да профункционира системот на спреги и кочници (checks and balances) во Република Македонија
Датум: 31.10.2015
Поделбата на власта е еден од основните столбови на демократијата и владеењето на правото. Така, системот на спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт има за цел да обезбеди взаемна рамнотежа на нивното дејствување. Но состојбата во Република Македонија открива нарушување на овој принцип преку директно политичко мешање на извршната власт и политизација на другите две гранки на власта.
Едно од прашањата кои ги покрена проектот „Дијалози за визија“ е „Како да профункционира системот на спреги и кочници во Република Македонија“? Два истражувачки тима изготвија работни студии за зајакнување на судската односно парламентарната контрола врз извршната власт.
Тим А: Калина Лечевска, Ана Блажева, Викторија Боровска и Јордан Шишовски; Тим Б: Дане Талески, Лура Положани, Марко Кмезиќ
На 24.02.2016 во Младинскиот културен центар се одржа дебата на која истражувачките тимови ги судрија своите аргументи.
Визуелизација: Ефикасно Собрание - силна демократија Визуелизација: Судска контрола на извршната власт