Документи: Со таг локална самоуправа

Значењето на пристапот заснован на човекови права за одговорот на здраствената криза предизвикана од КОВИД-19 во Република Северна Македонија

  •  29 март 2022
  •  Мартина Смилевска Кчева
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 предизвика здравствена, економска и социјална криза во Република Северна Македонија. Како одговор на истата, владата презеде низа рестриктивни мерки за спречување на изложеноста на луѓето на вирусот и забавување на неговото ширење, како и сет мерки за ублажување на негативните ефекти од наметнатите рестрикции. Донесените мерки во значителна мера влијаеа на ограничувањето на правата на граѓаните, вклучувајќи воведување полициски час, одржување социјална дистанца, ограничено движење и собирање, затворени граници и стопирање на воздушниот сообраќај, онлајн образование, забрана за одржување верски настани и спортски натпревари, одложување на процедурални рокови во судски постапки, затворање на несуштински бизниси и сл. Додека таквите ограничувања на слободите и правата, во еден дел, можеби беа неопходни за контрола на пандемијата, сепак многу од овие политики беа премногу широки или се занемари да се земе предвид нивното влијание врз најранливит

Повеќе

Образованието во време на пандемија-резултати од истражување

  •  26 јануари 2022
  •  Тамара Доневска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Образованието е неизбежен дел од животниот циклус на секоја индивидуа, па поради тоа неговиот квалитет има огромно влијание врз нејзиниот континуиран развој. Правото на образование како човеково право за прв пат го сретнуваме во Универзалната декларација за човекови права од 1948 година.1 Во нашето законодавство, правото на образование е уредено во член 44 од Уставот кој предвидува дека секој има право на образование кое е достапно на секого под еднакви услови, додека пак посебните закони ги уредуваат условите и реализацијата во основното, средното и високото образование.2 Од меѓународен аспект, Универзалната декларација за човекови права во член 26 предвидува дека секој има право на образование, додека пак Европската конвенција за човекови права во член 2 од Протоколот 1 предвидува дека на никого не може да му се одземе правото на образование. Понатаму, ова универзално право е предвидено и во Конвенцијата за правата на детото, УНЕСКО Конвенцијата против дискриминација во о

Повеќе

Мониторинг извештај за исполнетоста на планот за борба против корупција "Акција 21" и националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

  •  10 декември 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во период од март до декември 2021 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Повеќе

Иднината на слободата на собирање во Северна Македонија во дигиталната ера

  •  19 ноември 2021
  •  Душица Нофитоска, Весна Дишлијоска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Правото на здружување и јавен собир само по себе не значи само здружување на граѓаните со физичко присуство преку кое тие би изразиле незадоволство од одредена владина одлука која ги засега нивните права и интереси. Во последните неколку години се забележува тренд на зголеменo користење на интернет алатки преку кои граѓаните на една земја можат да дејствуваат во онлајн просторот на ист начин како што би постапиле со физичко присуство. Во Северна Македонија, трендот на користење онлајн алатки го доживува својот врв со прогласувањето на пандемија на Ковид 19. Целта на оваа анализа е да се сублимира Меѓународната правна рамка за слободата на мирно собирање во дигиталната ера и да се презентираат обврските на државата. Исто така, да се истражат можностите и предизвиците на собирите во дигиталната ера и влијанието на новите технологии во остварувањето на правото на слободен собир. А истовремено да се направи споредба и истражување за концептот на дигитално посредувани собири во Се

Повеќе

(Не)ефикасноста на Државниот инспекторат за труд во заштитата на работничките права – Инфографик број 7

  •  30 март 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Статистика

Инфографикот кој што е приложен, содржи податоци за постапувањето на Државниот инспекторат за труд во однос на барањата за вонредни инспекциски надзори, како и соодветни препораки за подобрување на ефикасноста на инспекторатот. Инфографикот го опфаќа периодот од јануари до март 2021 година и е изготвен во рамки на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија’’, финансиран од Фондот за добро владеење на Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Повеќе

Посебен извештај за состојбата со човековите права во време на Kовид-19

  •  13 октомври 2020
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Пандемијата на вирусот КОВИД-19 предизвика глобални ефекти со размери неспоредливи со кој било друг настан во човековата историја. Брзорастечката здравствена криза, која ги погоди речиси сите држави во светот, предизвикува несогледливи економски и социјални последици, од кои човештвото допрва ќе се опоравува. Со оглед на сериозноста и неизвесниот тек на настаните, голем број влади, меѓу кои и нашата, сметаа дека е неминовно прогласување вонредна состојба заради целисходно справување со опасноста и штетите од новиот коронавирус. А бидејќи во време на вонредна состојба Владата може да презема активности надвор од рамките на она што би било дозволено во нормални околности, тоа значеше и аларм за зголемена будност на бранителите на човекови права.

Повеќе

Збирка резимеа од истражувања на грантистите од проектот Мрежа 23+

  •  29 јуни 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

• Кон граѓански паноптикон: подобра рамнотежа меѓу заштитата на приватноста и потребата од следење на комуникациите • Кој вработува, општината или партијата? • Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт • Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во Република Македонија • Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II • Бесплатна правна помош – предизвици и решенија • Пристапноста и инклузивноста на судовите во Македонија • Анализа на Законот за одредување на видот и висината на казната • Анализа на примената на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Повеќе