Документи: Со таг Правосудство

Извештај за 2019 година за резултатите од спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година

  •  05 ноември 2020
  •  Александар Николов, Ива Цоневска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај се заснова на планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата. Показателите ги мерат резултатите низ призмата на човековите права и ефектите врз граѓаните, наспроти целокупното работење на секторот. Во овој извештај се опфатени следните стратешки цели на Стратегијата: квалитет, ефикасност, транспарентност, стратешко планирање и креирање политики, правосудни институции, казнено-правна област, прекршочно-правна област и граѓанско-правна област. Притоа, индикаторите не ги опфаќаат следните стратешки цели на Стратегијата: независност и непристрасност, одговорност, пристап до правда (со исклучок на нотаријат, извршување и медијација), Судски совет, Совет на обвинители, управно-правна област.

Повеќе

Ветинг во судството: Од вонредна мерка до вонредни проблеми

  •  22 октомври 2020
  •  д-р Денис Прешова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Во изминатите години во неколку наврати се говори за ветинг во судството преку негови различни манифестни форми, како генерален реизбор на судиите, нивна детална проверка или прочистување. Сепак, ниту еднаш не беше јасно и прецизно објаснето како точно се замислува овој процес и дали се земени предвид сите околности и искуства при предлагањето на вакво решение за проблемите во судството. Имено, избрзаното пристапување кон радикални и вонредни мерки лесно можат да доведат до исто такви проблеми во практиката. Токму како резултат на отсуството на информации во врска со предлозите за ветинг во судството овој документ се обидува да адресира дел од прашањата и дилемите. Една од основните цели е дебатата да се премести од исклучиво политичкиот во сферата на стручниот и научниот дискурс. Во таа насока, на страниците што следуваат ќе бидат разгледани основните аспекти во дефинирањето на поимот ветинг, претходните искуства на С. Македонија со различни форми на транзициска правда и дали посто

Повеќе

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2019 – март 2020 година

  •  26 мај 2020
  •  Ива Цоневска, Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е петти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на членките на „Мрежа 23“. Претходните четири извештаи ги покриваа следните периоди: октомври 2014 година – јули 2015 година, јули 2015 година – април 2016 година, мај 2016 година – јануари 2018 година и јуни 2018 година – март 2019 година. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на април 2019 година, заклучно со крајот на март 2020 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред април 2019 година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период. Периодот на опфат на извештајот соодветствува на извештајниот период на Европската комисија (ЕК) за Република Северна Македони

Повеќе

Анализа на квалитетот на реформите кои се однесуваат на избор, избор во повисок суд и разрешување на судиите

  •  16 април 2020
  •  Блупринт група
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Продолжувајќи ја својата заложба за надгледување и учество во спроведувањето на квалитетни, инклузивни и транспарентни реформи, граѓанските организации кои работат во областа на правосудството и се дел од Блупринт групата за реформа во правосудството ја направија оваа анализа која го елаборира реформираниот тек на судиската кариера од условите и постапката за прием на почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители, условите и постапката за избор на судија во основните и управните судови, услови и постапка за избор на судија во повисок суд и претседатели на судови, основи и постапка за утврдување дисциплинска одговорност сè до престанок и разрешување од судиската функција.

Повеќе

Дијалог за јавните политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година“

  •  19 декември 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Овој краток документ за јавна политика, се темели на ставовите изнесени на дијалогот за јавни политики, кој се одржа на 11 декември 2019 година во Хотел Арка во Скопје, во рамки на проектот ,,Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните’’, кој го спроведува Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија. Проектот има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор, преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството. Дијалогот се состоеше од две сесии во кои учествуваа околу 60 претставници од министерството за правда, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, судии, јавни обвинители, експерти во областа, претставници од граѓанскиот сектор и од дипломатските претставн

Повеќе

Ветинг процес во судството на Република Северна Македонија

  •  10 декември 2019
  •  Блупринт група
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Ветингот како процес на проверка во вршење на функцијата претставува систем на институционализирани проверки на вршителите на јавните функции со цел проценка на соодветноста на нивната работна позиција, поведение и интегритет vis a vis функцијата која ја извршуваат или треба да ја извршуваат. Самиот поим „ветинг“ значи внимателно проверување или испитување на појава, предмет или лице за да се утврди неговата прифатливост и подобност. Во принцип, ветингот како проверка треба да ја процени индивидуалната одговорност, интегритетот на поединецот и инволвираноста во претходни злоупотреби, односно да ја процени подобноста и соодветноста за вршење јавна служба, наместо санкционирање за минати дејствија при вршењето на јавната функција. Целта на овој механизам е да овозможи индивидуален и институционален интегритет и кредибилитет, но и да ги елиминира потенцијалните можности и фактори од разни облици на незаконито дејствување при вршењето на јавната функција.

Повеќе

Анализа на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2018/2019

  •  28 јуни 2019
  •  Блупринт група
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Граѓанските организации што со години работат на воспоставување на принципот на владеење на правото, почитување на човековите права и воспоставување на независен, непристрасен и, пред сè, неполитизиран правосуден систем, свесни за моментумот и за неопходноста овие реформи да бидат квалитетни и успешни, се вклучија со својата експертиза на ова поле во целиот процес. Со оглед на важноста за спроведување на реформските мерки и активности предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организациите од Блупринт групата во јули 2018 година почнаа со заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување – „ЗА ПРАВДА“. Блупринт групата за реформи во правосудството се фокусира на следењето на спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите с

Повеќе

Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022

  •  30 мај 2019
  •  Институт за европска политика / Асоцијација Зенит
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022. Период: март 2019-мај 2019

Повеќе

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

  •  14 мај 2019
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери, м-р Александар Јованоски, Хајди Штерјова-Симоновиќ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград. Овој извештај ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Повеќе

Процена на влијанието на регулативата на Законот за судови

  •  14 декември 2018
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Оваа анализа има цел да придонесе за унапредување на состојбите и имплементација на европските стандарди во делот на судството, имајќи го предвид националниот контекст.

Повеќе